Мултимедија Зборот мултимедија го користиме кога зборуваме за информации за чија перцепција истовремено користиме повеќе сетила од причина што користат различни медиуми низ кој се шират и во кои егзистираат. Мултимедија е множество што го сочинуваат текст, звук, графика, видео и анимации. Секој од овие елементи е наречен мултимедијален елемент. Тоа се облици на мономедиски записи, секој со свое место во различни подрачја на делување на компјутерите, од Web страниците до програмските пакети наменети за игри или учење.. Позитивни ефекти на мултимедијата: - привлекуваат внимание - поголемо ниво на интерес, мотивираност и задоволство - подобро помнење и можност за примена на знаењата во нови ситуации Поделба на мултимедијалните елементи: - текст - звук - графика - видео - анимација Мултимедијален систем е компјутер што од надворешниот свет ги прифаќа податоците од множеството мултимедија. Општа шема на мултимедијален систем : влезни податоци во аналогна форма --> аналогно -...
известувања за ученици за учебна 2018/2019